Проект за развој на регионални пазари на енергија

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНАЛНИ ПАЗАРИ НА ЕНЕРГИЈА?

Проектот за развој на регионални пазари на енергија е тригодишен проект кој започна во декември 2017 година. Проектот е фокусиран на обезбедување на техничка помош на Владата на Република Македонија за усогласување на националното законодавство со политиките и регулативите на Европската Унија (ЕУ), согласно Третиот енергетски пакет и соодветно транспонирање на релевантото ЕУ законодавство во националното законодавство. Главна цел на Проектот е да го унапреди деловното опкружување во енергетскиот сектор, и да обезбеди правна рамка за отворен, транспарентен  и динамичен пазар на енергија и подобри енергетски услуги за домаќинствата и индустријата, со што ќе се зајакне енергетската сигурност на земјата.   

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ПРОЕКТ?

  • Обезбедува техничка помош за да и помогне на Владата на Република Македонија целосно да го усогласи националното законодавство со Третиот енергетски пакет на ЕУ и барањата на Енергетската заедница (ЕЗ), со што ќе се создадат подобри услови за развој на пазарите на енергија, согласно начелата на конкуренција, транспарентност и недискриминација, што пак од своја страна ќе резултира во подобри енергетски услуги за потрошувачите, како за домаќинствата така и за индустриските капацитети.
  • Обезбедува техничка помош на Владата на Република Македонија да го усогласи националното законодавство со Директивата за Енергетска ефикасност на ЕУ, и барањата на ЕЗ, со што ќе се создаде законска основа и поволни услови за зголемување на енергетската ефискасност, намалување на потрошувачката на енергија, и развој на нови енергетски услуги како и пазар за овие услуги, што ќе резултира во отварање на нови работни места во енергетскиот сектор.
  • Обезбедува техничка помош да за поедноставување на процедурите за инвестирање во обновливи извори на енергија (ОИЕ) и воведување на нови шеми за поддршка на ОИЕ на транспарентен и недискриминаторен начин, преку пазарно засновани процедури, што ќе има позитивно влијание на конкуренцијата и ќе овозможи поквалитетна чиста енергија.

ШТО Е ОСТВАРЕНО ДОСЕГА?

  • Во мај 2018 година, Владата на Република Македонија усвои нов Закон за енергетика кој е целосно усогласен со директивите од Третиот енергетски пакет.
  • Секретаријатот на Енергетската заедница ги повлече двата случаи против Македонија како и мислењето поднесено до Министерскиот совет по донесувањето на новиот Закон за енергетика од страна на Владата на Република Македонија.

Last updated: August 28, 2018

Share This Page