ПРОЕКТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ?

Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби е четиригодишен проект со буџет во висина од 1,6 милиони долари. Проектот беше започнат во септември 2016 година за да помогне во воведување модерен, адаптиран за бизнисите и логичен систем за инспекција кој ќеја зголеми ефикасноста на инспекциските органи преку спроведување на најдобрите практики и принципи во процесот на инспекција. Општата цел на проектот е да се подобри бизнис околината во Македонија.

КАКО ФУНКЦИОНИРА?

Во партнерство со Центар за развојни политики ИДЕАС ДеПо Скопје како имплементатор, проектот работи директно со Министерството за информатичко општество и администрација како еден од главните и најважните партнери на Проектот. Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби исто така работи со инспекцискиот совет и со другите инспекциски органи за подобрување на ефективноста на инспекциските тела и инспекцискиот систем, како што се рационализација на законодавството, градење на капацитети и професионален развој на инспекторите и имплементација на софтверско решение за е-управување.

ШТО Е ОСТВАРЕНО?

  • Проектот спроведе четири проценки за да даде јасна и детална слика за статусот на инспекцискиот систем во земјата и да даде насоки и препораки за подобрување на системот во целина. Тие вклучуваат анализа на четири главни закони кои го воспоставуваат и управуваат со инспекцискиот систем и постапките за инспекциски надзор, проценка на судските практики во прекршочните и административните судови, компаративна проценка на модалитетите за обука во регионот и ЕУ и компаративна проценка на решенија за е-влада за инспекциски менаџмент во регионот и ЕУ.
  • Потпишан е меморандум за разбирање со Министерството за информатичко општество и администрација со која се потврдува поддршката на УСАИД во изготвувањето на новиот Закон за инспекциски надзор.

Last updated: May 14, 2018

Share This Page