ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА

Партнерство за подобра бизнис регулатива
Клучен партнер на Владата за прашањата поврзани со економските политики

ШТО Е ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБАР БИЗНИС РЕГУЛАТИВА?

Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишна активност со вкупен буџет од 1,9 милиони долари за поддршка на микро и мали бизниси во Република Македонија, која помага да се подобри нивната способност да се усогласат со законските барања и да учествуваат во креирањето на политиките за мали и средни претпријатија (МСП).

КАКО ФУНКЦИОНИРА?

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори во Македонија - Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) - ја спроведуваат оваа програма преку следниве активности:

  • Помагање на МСП-ата со законската усогласеност преку информативни сесии и кофинансирање на консултанти.
  • Создавање на единствен информативен простор, што доведува до подобар проток на информации.
  • Организирање форуми за подобрување на свеста и почитување на законските и финансиските регулативи.
  • Развивање и употреба на листите за проверка на усогласеноста, како и брошури и водич за одредени постапки
  • Подобрување на капацитетите на коморите, преку обуки за вработени
  • Организирање на студиски посети на коморите
  • Поддршка на јавно - приватниот дијалог преку работилници и фокус групи. 
  • Зајакнување на капацитетите за застапување и лобирање на коморите.
  • Развивање на стратешки документи за таргетираните сектори.

ШТО Е ПОСТИГНАТО?

  • Претставници од трите комори за првпат заеднички почнаа да работат на постигнување на заедничките цели за подобрување на деловното опкружување. Четвртата комора се приклучи на ова партнерство кон крајот на 2017 година, зацврстувајќи ја групата да стане главна сила која ќе ги претставува ставовите и потребите на приватниот сектор.
  • Платформата за јавен приватен дијалог е креирана како продолжување на Националниот совет за економска и конкурентска конкуренција (НСПК) и претставува клучен партнер на владата во дискусијата за прашањата од економската политика.
  • Форумите предизвикаа интерес на владините институции, и како резултат на тоа, работната група за текстилен отпад разви решенија кои се очекува да бидат усвоени од страна на Владата следната година.
  • Веднаш по форумот за работни односи, министерот за труд и социјална политика поднесе официјално барање за поддршка при изготвувањето на новиот закон за практикантска работа, кој треба да ги ублажи проблемите на МСП-та во обезбедувањето на практично искуство за потенцијалните идни вработени.

Last updated: May 14, 2018

Share This Page