ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО ВИДОТ ГО ДОБИВААТ ПОТРЕБНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Читањето и пишувањето на Брајово писмо и овозможи на Барбара Василевска да учи со многу побрзо темпо Проект за деца со пречки во видот
Читањето и пишувањето на Брајово писмо и овозможи на Барбара Василевска да учи со многу побрзо темпо Проект за деца со пречки во видот
Дополнителната поддршка и активности им овозможуваат на учениците со пречки во видот да постигнуваат како и нивните врсници
"Мојата ќерка сега ги има истите можности како и другите деца на нејзина возраст".

Септември 2018 година – По потекло  од Битола, мало градче во југозападна Македонија, на седумгодишната Барбара Василевска и беше дијагностицирана атрофија на oчните нерви. Нејзините родители беа многу загрижени за нејзиното образование и се прашуваа дали има соодветно училиште во кое ќе може да посетува настава во нејзиниот град, дали ќе може да се справи без дополнителна поддршка, и дали таа е единственото дете во Битола со овој проблем.

Во 2016 година родителите на Барбара ја запишале во Битолскиот ресурсен центар отворен од Проектот за деца со пречки во видот, партнерство меѓу УСАИД и Меѓународната фондација на Лајонс Клубовите. Барбара посетувала настава четири пати неделно, и за првпат имала вистински пристап до образование. Со многу напорна работа и поддршка од нејзините специјални едукатори, во рок од неколку месеци, таа успеа да се запише во редовно основно училиште во Битола.

Барбара се почуствувала прифатена од нејзиниот учител и врсници на училиште и продолжила да го посетува ресурсниот центар четири пати неделно за помош во сите нови активности кои ги имала во училиштето. Покрај часовите за македонски јазик, таа имала вежби за да ги зајакне своите вештини за ориентација и координација. Учествувала во креативни работилници, има посетено уметнички галерии, па дури и учи да свири на пијано.

И покрај нејзината способност да чита и пишува со големи букви, нејзиниот напредок беше бавен поради обемот на материјалот во училиште кој требала да го совлада. Поради тоа, таа го научи Брајовото писмо, со што го олесни читањето и пишувањето. Учејќи со многу побрзо темпо, Барбара успешно го совлада материјалот за прво и второ одделение.

Таа неодамна ја започна новата учебна година како третооделенка и сеуште има поддршка од нејзините врсници, наставници, личниот асистент и специјалните едукатори од ресурсниот центар.

"Сакам да читам и учам нови работи. Многу сум возбудена за моите часови по пијано. Музиката и пеењето ме прават многу среќна", вели Барбара.

Нејзините родители се исклучително горди на нејзиниот успех. "Нема зборови за да ја изразам мојата благодарност. Мојата ќерка сега ги има истите можности како и другите деца на нејзината возраст. Пред неколку години, ова не можев ни да го замислам ", вели Елица Василевска, мајка на Барбара.

Од 2015 година, Проектот за деца со пречки во видот отвори пет ресурсни центри во неколку градови во Македонија. Преку активностите на овој петгодишен проект, се спроведоа над 26.000 бесплатни очни скрининзи за деца од предучилишна возраст и се обучија повеќе од 200 специјални едукатори низ целата земја. Проектот редовно организира инклузивни спортски, уметнички и други вон училишни активности за околу 100 деца со оштетен вид.

Last updated: October 12, 2018

Share This Page