Macedonian flag

Социјална кохезија

Language: English | Macedonian
Унапредување на социјалната кохезија преку етничка интеграција на младите во образованието
Унапредување на социјалната кохезија преку етничка интеграција на младите во образованието
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Во партнерство со локални организации, училишта и локални заедници, УСАИД во Северна Македонија ја унапредува социјалната инклузија, меѓу-етничката хармонија и граѓанските вредности.

ПРОЕКТНИ ОБЛАСТИ

МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА 

УСАИД работи со власта на централно и локално ниво, со сите основни и средни училишта, со учениците, наставниците, родителите и локалните лидери за создавање можности за соработка помеѓу училиштата и поттикнување на меѓуетничката кохезија помеѓу младите; градење на капацитетите на наставниците од предучилишна и редовна училишна настава,  инспекторите од Државниот просветен инспекторат, советниците од Бирото за развој на образование и студентите од педагошките факултети со фокус на мултикултурно интегрирано образование; организирање на заеднички наставни и вон-училишни активности за учениците, родителите и членовите од етнички мешаните заедници; соработка со медиумите за да ја нагласат позитивната улога што младите со различно потекло ја имаат работејќи заедно за надминување на предизвиците во нивните заедници; поддршка на Министерството за образование и наука во ревидирање на наставната програма и наставните практики по граѓанско образование и поголема вклученост на учениците во работата на училиштата и животот во заедницата, промовирајќи го нивниот придонес при донесувањето одлуки во нивните училишта и општини и реновирање училишта врз основа на потребите но и постигнувањата на учениците на полето на етничка интеграција и развој на граѓанските вештини и вредности во училиштата и заедниците.

ИНКЛУЗИЈА НА СОЦИЈАЛНО МАРГИНАЛИЗИРАНИ ГРУПИ

За да се зголеми инклузијата на социјално маргинализираните групи, УСАИД помага да се развијат соодветни едукативни материјали за лицата со оштетен вид како и да се спроведе дијагностика на видот кај децата од предучилишна возраст. Понатаму обезбедува индивидуална поддршка и зајакнување на животните вештини на лицата со оштетен вид, вклучувајќи ги вештините за мобилност и подготвеност за работа; Исто така, УСАИД помага во градење на капацитетите на вработените во владините институции и граѓанските организации за заштита на човековите права на мигрантите и бегалците и олеснување на пристапот до правна помош, советување и азил.

Last updated: August 12, 2019

Share This Page