Last updated: November 12, 2019


ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?
Финансиран преку Меѓународната фондација за изборни системи, овој тригодишен проект, во вредност од 1.7 милиони американски долари, има за цел да го зајакне управувањето со изборите во Македонија и да го поддржува градењето капацитети на Државната изборна комисија (ДИК) за спроведување на изборите.

Денес, 19 декември 2018 година, Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го одбележаа завршувањето на Проектот на УСАИД „Топ тема на ваша страна“. Телма ТВ и МЦМС на овој настан ги објавија и победниците на четвртиот и последен конкурс за граѓанско новинарство на проектот. Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум и главниот уредник на Телма ТВ Атанас Кировски се обратија на присутните и доделија признанија на десетте добитници на награди од четвртиот конкурс за граѓанско новинарство.
За да го одбележи меѓународниот ден за борба против корупција, денес Платформата на граѓански организации за борба против корупција, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество организираше конференција на тема: „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“ во хотел Александар Палас во Скопје.
Започнат во октомври 2017, проектот за поддршка на претприемничкото образование во Европа и Евроазија, спроведуван од страна на Џуниор Ачивмент Европа, има за цел е да ги инспирира и подготви младите луѓе да успеат во глобалната економија, преку развивање и спроведување на програми за претприемничко образование, финансиска писменост и креирање нови работни места. Проектот соработува со средношколци, студенти, наставници, родители и други организации, бизнис секторот, финансиски институци и водечки фирми кои сакаат да го поддржат претприемничкото образование во Северна Македонија.
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.