Macedonian flag

Раст на приватниот сектор

Language: English | Macedonian
УСАИД помага да се зајакне конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија
Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем преку нови технологии им помага на малите фарми да бидат попродуктивни
Иван Мицковски

ПРЕДИЗВИК 

Реформите во економскиот сектор го подобрија рангирањето на Севрна Македонија на глобалните економски листи, но сеуште немаат придонесено до значителни подобрувања во однос на економскиот развој, нови вработувања и зголемени приходи. Строгите владини регулативи, нееднаквиот третман на странските инвеститори и домашните мали и средни фирми, недоволно развиените финансиски пазари, слабото корпоративно управување, недоволно развиената инфраструктура, недостигот на квалификувана работна сила, како и големиот “одлив на мозоци” го спречуваат равојот и растот на приватниот сектор. Вештините за претприемеништво и вработување не се развиваат со исто темпо со промените на пазарот, со што уште повеќе се успорува растот. Северна Македонија исто така доцни со процесот на усогласување со енергетските политики и регулативи на Европската унија, што ја прави земјата зависна од надворешни извори на енергија.

ПРОЕКТНИ ОБЛАСТИ 

СООДВЕТНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

УСАИД помага да се создаде деловно опкружување коешто е соодветно на потребите на приватниот сектор. Им помага на микро, малите и средните фирми да се усогласат со правните и финансиските регулативи, помага да се подобрат вештините и капацитетите на вработените во стопанските комори во однос на прашања за правна усогласеност, поддржува јавно-приватен дијалог, зајакнува капацитетит за лобирање и застапување на стопанските комори и работи на подобрување на ефективноста на инспекциските тела и инспекцискиот систем преку усогласување на законодавството, градење на капацитетите, професионалниот развој на инспекторите и спроведување на софтверски решенија за електронско управување.

ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ  

УСАИД им помага на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) да пристапат до финансии, преку поддршка на развојот на нови финансиски продукти според потребите на ова категорија на претпријатија; подобрување на нивната финансиска писменост и управување; им помага да изработат проекти според барањата на финансиските инситуции и да пристапат до соодветни финансиски ресурси; помага да се подобри протокот на информации за различни типови на финансиски продукти и услуги; обезбедува банкарски гаранции за земјоделски кредити; ги подобрува електронските платформи на посредничките финансиски институции коишто работат со ММС претпријатија и го поддржува јавно-приватниот дијалог во процесот на изработка на закони што го регулираат пристапот до финансии за ММСП. 

ЕНЕРГЕТСКА СИГУРНОСТ 

УСАИД и помага на Влaдата на Република Северна Македонија да го усогласи националното законодавство со барањата на Европската унија и Енергетската заедница, да обезбеди отворена и ефективна правна рамка, да го поедностави процесот на инвестирање во обновливи извори на енергија и да ја намали зависоноста од надворешни извори на енергија.

 

 

Last updated: August 12, 2019

Share This Page