Macedonian flag

За нашата работа

Language: English | Macedonian
УСАИД поддржува мултиетничка интеграција преку својата работа за развој во Северна Македонија
УСАИД поддржува мултиетничка интеграција преку својата работа за развој во Северна Македонија
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Република Северна Македонија беше веќе независна, слободна демократија пред започнувањето на активностите на УСАИД во земјата во 1993 година во согласност со Законот за поддршка на Источна Европа (СЕЕД). Северна Македонија забележа напредок откако ги воспостави основните институции и норми на функционална демократска држава и слободни, редовни избори на сите нивоа на власта. Најновите парламентарни избори во декември 2016 година и на ниво на општини во октомври 2017 година - доведоа до крај на едно особено тешко време кое се карактеризираше со корупција и затегнати односи со САД.

Сегашниот момент е важна можност за консолидација на придобивки од помошта во изминатиот период, истовремено истражувајќи ги можностите за поблиска соработка со Владата на Северна Македонија за заеднички цели, од кои најважно од перспективата на надворешната политика на САД е обновениот напредок кон евентуалниот пристап во НАТО и во Европската унија.

УСАИД помага да се изградат капацитети и системи за компетентно, транспарентно и партиципативно управување со цел да се забрза целосната интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ. На долг рок, УСАИД и помага на Северна Македонија да најде начин да го финансира сопствениот развој.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РАСТОТ НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР 

За да изгради просперитет, УСАИД помага да се зајакне конкурентноста на македонскиот сектор за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) преку подобрени услуги за поддршка, подобрен пристап до финансии, поедноставно деловно опкружување и поголема енергетска безбедност.  УСАИД им помага на ММСП со прашања за законска усогласеност, поддржувајќи го јавниот приватен дијалог, јакнење на капацитетите за застапување и лобирање на стопанските комори, работи на подобрување на ефикасноста на инспекциските тела и инспекцискиот систем преку рационализирано законодавство, градење на капацитети, професионален развој на инспектори , како и имплементација на софтверски решенија за е-управување, со цел македонското деловно опкружување да биде поприфатливо за потребите на приватниот сектор.

За да се подобри пристапот до финансии, УСАИД помага во развојот на нови финансиски продукти за ММСП, помагајќи им да подготват предлози и да добијат пристап до соодветни финансиски средства, подобрување на протокот на информации за различни видови финансирање, помагајќи им да го користат факторингот за зголемување на нивниот ефективен работен капитал и подобрување на готовинскиот тек и подобрување на финансиската писменост на клучните актери низ целата земја.

Конечно, за да се подобри енергетската безбедност и да се намали зависноста од руски извори, УСАИД и помага на Владата на Северна Македонија да го усогласи националното законодавство со барањата на ЕУ и Енергетската заедница и да се усогласи со Директивата за енергетска ефикасност на ЕУ (ЕЕД) за да се обезбеди отворена и ефективна правна рамка, да се намали корупцијата, додека истовремено се работи и на насочување на инвестицискиот процес за обновливите извори на енергија.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА УЧЕСТВОТО НА ИНФОРМИРАНИ ГРАЃАНИ

За да се зголеми граѓанското учеството, УСАИД поддржува повеќе активности насочени кон зајакнување на граѓанското општество и зголемување на професионалноста на независните медиуми преку грантови за локалните граѓански организации и нивните мрежи.

УСАИД, исто така, поддржува граѓански активности кои ги поттикнуваат граѓаните со различна политичка определба да учествуваат во активности кои создаваат видливи резултати во локалните заедници и ја поттикнуваат соработката за да се унапреди граѓанското застапување.

УСАИД ја поддржува продукцијата на професионални, вести базирани на факти, како и длабинско известување, поттикнувајќи притоа да се користи балансирана, забавна, непартиска телевизиска содржина која ги анализира и претставува главните општествени проблеми во Северна Македонија, преку обука на новинари, и подобрувајќи ја медиумската писменост и работењето со цел да се зголеми употребата на професионални уредувачки и управувачки практики во согласност со избалансиран медиумски сектор, кој што одговара на потребите на публиката, независен од политичка партија или владина контрола. Новиот проект во 2019 година ќе се фокусира на зголемување на медиумското претприемништво и писменост.

ЈАКНЕЊЕ НА ДОБРОТО ВЛАДЕЕЊЕ

Подобрувањето на квалитетот на јавното управување е од клучно значење за севкупниот напредок на Северна Македонија кон пристапувањето во ЕУ кое се решава преку директна помош за градење на капацитетите на јавните институции, за да и помогне на владата да направи реален напредок во спроведувањето на својата програма за итни реформи.

УСАИД помага да се изградат капацитети во механизмите на извршната власт, законодавната власт и националните избори; олеснување на директниот дијалог помеѓу владата и претставниците на граѓанското општество и приватниот сектор во идентификувањето и спроведувањето на потребните реформи и продолжува да ја поддржува и зајакнува улогата на чувар на граѓанското општество за да спречи непочитување на демократските процеси и принципи од страна на владеачката структура.

УСАИД, исто така, го зајакнува капацитетот на парламентот во изготвувањето за изготвување на законодавството, вршење надзор и претставничка улога и ангажирање со извршната власт, организациите на граѓанското општество и изборните единици. Понатаму, и помага на Државната изборна комисија (ДИК) да ги подобрат изборните процеси, да воведе информатичка технологија, да ги подобрат избирачките списоци и да спроведат едукација и теренски активности. Понатаму, УСАИД и помага на владата да развие и имплементира практики на добро владеење додека работи на консензус, соработка и координација за итни приоритетни прашања во и помеѓу клучните министерства и меѓу законодавната и извршната власт.

Оваа година, УСАИД планира  дополнителна активност за да и помогне на Владата на Северна Македонија даја подобри испораката на основните услуги за граѓаните и да ги исполни главните реформски обврски.

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА КОХЕЗИЈА

УСАИД работи со власта на централно и локално ниво, со сите основни и средни училишта, со учениците, наставниците, родителите и локалните лидери за создавање можности за соработка помеѓу училиштата и поттикнување на меѓуетничката кохезија помеѓу младите; градење на капацитетите на наставниците од предучилишна и редовна училишна настава,  инспекторите од Државниот просветен инспекторат, советниците од Бирото за развој на образование и студентите од педагошките факултети со фокус на мултикултурно интегрирано образование; организирање на заеднички наставни и вон-училишни активности за учениците, родителите и членовите од етнички мешаните заедници; соработка со медиумите за да ја нагласат позитивната улога што младите со различно потекло ја имаат работејќи заедно за надминување на предизвиците во нивните заедници; поддршка на Министерството за образование и наука во ревидирање на наставната програма и наставните практики по граѓанско образование и поголема вклученост на учениците во работата на училиштата и животот во заедницата, промовирајќи го нивниот придонес при донесувањето одлуки во нивните училишта и општини и реновирање училишта врз основа на потребите но и постигнувањата на учениците на полето на етничка интеграција и развој на граѓанските вештини и вредности во училиштата и заедниците.

За да се зголеми инклузијата на социјално маргинализираните групи, УСАИД помага да се развијат соодветни едукативни материјали за лицата со оштетен вид како и да се спроведе дијагностика на видот кај децата од предучилишна возраст. Понатаму обезбедува индивидуална поддршка и зајакнување на животните вештини на лицата со оштетен вид, вклучувајќи ги вештините за мобилност и подготвеност за работа; Исто така, УСАИД помага во градење на капацитетите на вработените во владините институции и граѓанските организации за заштита на човековите права на мигрантите и бегалците и олеснување на пристапот до правна помош, советување и азил.

 

Last updated: August 12, 2019

Share This Page