Macedonian flag

РЕДАКЦИЈА

Language: English | Macedonian
ДОПОЛНИТЕЛНИ 450,000 ДОЛАРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ОД КОВИД-19
09-06-2020

9 јуни, 2020 година, СКОПЈЕ - Соединетите Американски Држави преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), доделија дополнителни 450.000 американски долари за поддршка на Северна Македонија во борба против пандемијата COVID-19, со тоа достигнувајќи го својот вкупен придонес од 1,5 милиони американски долари.

Во партнерство со Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), овие дополнителни средства ќе бидат наменети за поддршка на:

● координација, планирање, следење, работење и логистика;

Претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски и Министерката за финансии Нина Ангеловска потпишаа билатерален договор за соработка
14-05-2020

СКОПЈЕ – 14 мај, 2020 – Денеска американската амбасада соопшти дека обезбеди 16 милиони американски долари за Северна Македонија наменети за намалување на корупцијата, подобро интегрирање на младите во општеството и зголемување на економската конкурентност. Претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски и министерката за финансии Нина Ангеловска го потпишаа договорот преку кој ќе се поддржат:

06-04-2020

СКОПЈЕ – Владата на Соединетите американски држави (САД) обезбеди 1,1 миллион американски долари за намалување на ширењето на COVID-19 во Северна Македонија. Преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), САД овие средтсва ги доделува на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за спроведување активности за поддршка на напорите на земјата да се справи со состојбата предизвикана од COVID-19.

Мирјана Македонска, директорка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Кристијан Даниловски, ко-основач и извршен продуцент во FX3X го потпишуваат меморандумот за соработка
07-11-2019
Денеска, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и компанијата за анимација и визуелни ефекти FX3X отпочнаа соработка за унапредување на развојот на занимањата во индустријата за визуелни ефекти и дигитална анимација. Во рамките на тренинг центарот на FX3X, Проектот и компанијата ќе кофинансираат воведна обука за визуелни ефекти и дигитална анимација која ќе им помогне на учесниците да најдат вработување и да се пробијат во оваа брзорастечки индустрија.
17-05-2019

The United States Government, represented by the U.S. Agency for International Development (USAID), is seeking offers from qualified persons to provide personal services under contract as described in this solicitation.

Offers must be in accordance with Attachment 1, Sections I through V of this solicitation. Incomplete or unsigned offers will not be considered. Offerors should retain copies of all offer materials for their records.

Pages

Last updated: June 09, 2020

Share This Page