USAID Hosts Regional Conference on Factoring as an Alternative Tool for Small Business Finance

Конференција за факторинг
Говорници на регионалната конференција на УСАИД за факторинг
Проект за факторинг

За итна објава

вторник , May 14, 2019

Денес, 14-ти мај 2019 година, Проектот на УСАИД за Факторинг, имплементиран од Фактор Труст, во соработка со Меѓународната организација за факторинг, Factor Chain International, Стопанската комора на Македонија и Македонската банкарска асоцијација ја одржа својата Прва регионална конференција за факторинг како алтернативен начин на финансирање.  Целта на оваа конференција е да го зголеми разбирањето за факторингот како алтернативен извор на финансирање кај компаните и пошироката јавност и да ги упати домашните финансиски институции кои работат со факторинг да ги применат најдобрите практики за финансирање.

Во своето обраќање до присутните, вршителката на должност  претставник на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија, Г-ѓа  Гречен Бркл рече: „ Факторингот има огромен потенцијал да помогне во развојот на бизнисот. Како финансиско решение, нуди непосредна и достапна ликвидност за микро, мали и средни претпријатија, и им овозможува да го зголемат производството, продажбата и приходите. Со помош на нашите експерти од проектот на УСАИД за факторинг, веќе им помогнавме на 60 компании во Северна Македонија да добијат финансии преку факторинг”.

Заменикот на Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, г- дин.  Кочо Анѓушев забележа: „Подршката за малите и средни компании, кои се двигател на  економијата, е од големо значење кога се реализира во било која форма. Нивниот развој значи и развој на економијата во целина. Оттука секоја алатка која помага во одржување на растот и развојот на компаниите треба да биде препознаена и да се обезбеди нејзина максимална примена и корист. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање го помага растот на претпријатијата, обезбедувајќи брз пристап до финансиски средства, ја подобрува ликвидноста на фирмите, помога за нивно поефикасно развивање и нуди флексибилни финансиски решенија, прилагодени за деловните потреби”.

Проектот за факторинг е тригодишна акивност и има за цел да ја зголеми конкурентноста на мали и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија и проширување на нивните пазарни можности преку искористување на алтернативни извори на финансирање. За повеќе информации во врска со Проектот, обратете се на factoringproject@faktortrust.com.mk.

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ  

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 640 милиони долари во Македонија од 1993 година досега. УСАИД е најзначајната меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до резултати во развојот. Работата на УСАИД носи напредок во националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја покажува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации посетете ги нашите веб и Facebook страници: https://www.usaid.gov/north-macedonia и https://www.facebook.com/USAIDNorthMacedonia/

Factor Chain International е водечка меѓународна организација за факторинг на независни факторинг компании низ целиот свет со репрезентативна мрежа за факторинг од околу 400 членови во 90 земји. Оваа организација, има за цел воведување на факторингот во земјите каде што сè уште не е достапен како и  развивање на рамка (платформа) за меѓународно финансирање, што ќе им овозможи на факторинг компаниите, членки на Factor Chain International, извозниците и увозниците да воспостават блиски меѓусебни односи и соработка. Концептот на двостепен факторинг и можноста на истиот да се работи без регрес сѐ уште е нов, но нуди огромни можности за малите и средните претпријатија. Factor Chain International е глобален претставник на факторинг индустријата во светски рамки.

 

Last updated: November 12, 2019

Share This Page