Стопанските комори направија проценка на деловното опкружување во Македонија

Гречен Биркл, вршителка на должност претставник на УСАИД во Македонија
"Силната соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е важна за создавање на деловно опкружување кое ќе го поддржи и поттикне растот", рече Гречен Биркл
ЕПИ Центар Интертнационал

За итна објава

вторник , February 12, 2019

Проектот на УСАИД за партнерство за подобра бизнис регулатива, имплементиран во партнерство со четирите главни стопански комори во земјава, одржа презентација за годишната оценка на деловното опкружување во Македонија за 2018 година. Годишното истражување кое се спроведува трета година по ред е направено на репрезентативен примерок од бизнис секторот од земјава. Наодите ќе им помогнат на стопанските комори и креаторите на политиките подобро да ја разберат моменталната состојба на бизнис секторот во Македонија, конкретно кои се најчестите предизвици со кои се соочуваат компаниите во секојдневното работење.

"Силна соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е важна за создавање на деловно опкружување кое ќе го поддржи и поттикнува растот. Силна, енергична мала бизнис заедница е од суштинско значење за градење на столбот на секоја економија и ги повикувам сите тука да се посветат  и да дадат приоритет на овој важен сектор во општеството ", рече Гречен Биркл, вршителка на должност претставник на УСАИД во Македонија

Резултатите покажаа дека во споредба со изминатите две години информациите поврзани со законската усогласеност постепено се зголемуваат меѓу компаниите. Резултатите од 2018 исто така укажуваат на позитивен тренд од 35% зголемување на вклученоста на компаниите во развојот на деловната регулатива, во споредба со 2016 година. Во врска со севкупната оценка на националното законодавство, компаниите посочија дека сивата економија е една од клучните прашања кои го попречуваат растот на деловниот сектор во Македонија. Решавањето на ова прашање ќе го подобри деловното опкружување и ќе им помогне на компаниите да го подобрат своето работење. Покрај тоа, повеќето од испитаниците исто така споменаа дека судските реформи и макроекономската стабилизација се од најголема важност. Сепак, генерално, компаниите сметаат дека во изминатите 3 години земјата ја има зголемено регионалната конкурентност со другите земји од Западен Балкан.

Напорите за застапување на коморите веќе создадоа конкретни резултати, корисни за приватниот сектор во Македонија. На пример, казните за мали даночни и царински прекршоци се намалени и рокот за приватизација на земјиштето е продолжен; новиот Закон за јавни набавки, донесен пред две недели, ќе ја зголеми транспарентноста, ќе овозможи подобар квалитет, ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе воведе подобра контрола во јавните набавки; новиот Закон за практиканство и новиот Закон за инспекциски надзор, кој исто така беше подготвен врз основа на повратни информации од приватниот сектор, наскоро треба да се донесат.

Стопанските комори понатаму ќе ги анализираат и процесираат резултатите од истражувањето со цел да развијат конкретни предлози за политиката за подобрување на деловната клима и да го олеснат подоброто управување со бизнисот на компаниите. Потоа ќе ја искористат Платформата за јавно приватен дијалог, кој редовно се состанува за да го олесни дијалогот помеѓу клучните претставници на владата и приватниот сектор, со цел да се бараат решенија за надминување на идентификуваните прашања кои придонесуваат за неповолно деловно опкружување. Во текот на првата седница на Комисијата за јавен приватен дијалог во декември минатата година, коморите презентираа 38 препораки на политиката поврзани со градежништвото, урбанизмот, јавните набавки, туризмот и управувањето со отпадот на заменик-премиерот за економски прашања и релевантните министри кои се дел од овој механизам. Овие препораки сега се земаат предвид како предлози за идните реформи.

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 640 милиони долари во Македонија од 1993 година досега. УСАИД е најзначајната меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до резултати во развојот. Работата на УСАИД носи напредок во националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја покажува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој.  За повеќе информации посетете ги нашите веб и Facebook страници: https://www.usaid.gov/north-macedonia  и https://www.facebook.com/USAIDNorthMacedonia/.

 

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект со буџет од 1.9 милиони долари кој има за цел да ја подобри бизнис регулативата и да им помогне на малите и средни претпријатија полесно да ја следат и имплементираат честопати комплексната и неповолна регулатива. Проектот го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

 

Last updated: November 12, 2019

Share This Page