Јазик
Октомври 2018 година – Најголемиот дел од училиштата во Македонија не се етнички интегрирани.  Доколку едно училиште се наоѓа во етнички разновидна заедница, тоа најчесто функционира во смени, една наутро и една попладне.  Во секоја смена наставата се одвива на различен наставен јазик.
Децата на иста возраст коишто посетуваат исто училиште, но се од различна етничка припадност може никогаш да немаат можност да комуницираат меѓу себе. Поради ограничениот контакт со деца од друга етничка припадност, учениците имаат предрасуди кон своите врсници од друга етничка припадност.
Софија Матовска, 14, е етничка Македонка и учи во основното училиште Живко Брајковски во Скопје.   Аниса Плакај, 14, е етничка Албанка и учи во истото училиште.  Тие се запознале и станале другарки на една заедничка ликовна работилница во 2012 година организирана преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Учениците коишто учат на македонски и на албански јазик излегоа од своите комфорни зони и заедно садеа цвеќиња на една забавна ликовна работилница.  Со креирањето простор каде што учениците би ги споделувале заедничките интереси, нивните наставници помогнаа во негувањето на другарства помеѓу учениците коишто уживаат во слични активности.
„Отпрвин не бев особено заинтересирана да запознаам нови луѓе. Но, сега ми е многу мило што нè споија за ликовната работилница. Тоа беше пред шест години. Оттогаш сме другарки“, рече Софија.
„Ние не сме како повеќето луѓе на наша возраст. Уживаме да вежбаме математика, додека повеќето наши другари сакаат да се сликаат за Инстаграм. Двете сакаме да патуваме. Сакаме да посетуваме нови места и да доживуваме нови нешта“, рече Аниса. „Да не беше заедничката ликовна работилница, можеби немаше да се запознаеме - две тинејџерки коишто повеќе сакаат да си одат на гости за да вежбаат математика наместо да излегуваат во парк и да слушаат музика“.
Бидејќи Аниса многу добро зборува македонски, немаше јазична бариера. Во други случаи, учениците ги учат другите јазици со учество во заеднички активности и со помош на нивните наставници коишто исто така држат настава на различни јазици.
Софија и Аниса се само еден пример од илјадниците другарства коишто процветаа низ Македонија преку наставните и вонучилишните активности организирани во рамките на повеќегодишните проекти на УСАИД за унапредување на меѓуетничката интеграција. Во рамките на активностите, ученици од истото соседство, а понекогаш и од различни градови, се дружат и соработуваат со врсници од различна етничка припадност. Учениците заеднички волонтираат за разубавување на просторот во заедницата, ги мотивираат градоначалниците да ги поправат тротоарите за да постават лежечки полицајци пред нивните училишта и го привлекуваат вниманието на локалните власти за загадувањето на воздухот.
Овие активности претставуваат платформа за учениците од различна етничка припадност да се здружат и да преземат заедничка аткивност на локално ниво. Проектите за меѓуетничка интеграција финансирани од УСАИД се спроведуваат во партнерство со училиштата и локалните општини, со што повеќекратно се зголемува влијанието коешто учениците го имаат на своите училишта и заедници.
„Македонците и Албанците во нашето училиште не секогаш добро се сложувале, но ова полека почнува да се менува“, рече Софија. „Верувам дека на своите врсници им даваме добар пример.“
Со креирањето можности за учениците да се дружат и да соработуваат на разни иницијативи, <a href="https://www.usaid.gov/mk/macedonia/fact-sheets/youth-ethnic-integration… на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието што започна во 2017 година, негува позитивни интеракции помеѓу етнички разновидната младина на ниво на училиштето и заедницата, и го подобрува граѓанскиот ангажман кај младите во Македонија. Целна група на проектот се младите од сите основни и средни училишта низ Македонија. Во земјата има 435 училишта со приближно 200.000 ученици.
Овој проект ги надградува постигнувањата на претходниот проект, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (2011-2016), со којшто се подигна свеста и училишните одбори, директорите, наставниците и административните службеници се обучија за справување со прашања поврзани со различноста и мултиетничкото општество во поддршка на напорите на централната и локална власт за етничка интеграција. Сите наставници, вкупно околу 20.000 од сите училишта, беа обучени во рамките на проектот.
LINKS
USAID’s mission in Macedonia
,„Македонците и Албанците во нашето училиште не секогаш добро се сложувале, но ова полека почнува да се менува.“
Image
Anisa Plakaj, left, and Sofija Matovska paint graffiti
Anisa Plakaj, left, and Sofija Matovska paint graffiti