УСАИД со порршка за настанот „Олимпијада за читање и математика“ за најмладите ученици

Повеќе од 200 ученици и наставници од основните училишта ширум земјата присуствуваа на прославата и учествуваа во едукативни активности
Повеќе од 200 ученици и наставници од основните училишта ширум земјата присуствуваа на прославата и учествуваа во едукативни активности

За итна објава

Wednesday, May 16, 2018

Денеска, на 16ти мај, 2018 година, Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ беше домаќин на настанот „Олимпијада за читање и математика“ на сцената „Школка“ во Градскиот парк во Скопје. Повеќе од 200 ученици и наставници од основните училишта ширум земјата присуствуваа на прославата и учествуваа во едукативни активности. Учениците имаа прилика соработувајќи со своите соученици да решаваат интерсни математики и читачки предизвици, а нивните наставници споделуваа најдобри практики за поучување математика и јазик со своите колеги од другите училишта.

Во своето обраќање, Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли рече: „Ако сакаме да ги воспитуваме децата да станат одговорни граѓани и да ја градиме Македонија како самоодржлива држава која ќе биде отпорна кон негативните влијанија, мора да им помогнеме да развиваат критичко мислење и вештини за учење уште од најрана возраст.“ Раководителката на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, Сузана Киранџиска, ја поздрави поддршката на УСАИД за овој петгодишен проект како и постојаната соработка која проектот ја оствари со образовните институции и со сите основни училишта во Македонија.

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’, спроведуван од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор’’, има за цел да ги процени и подобри јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија и да се подигне свеста кај целата јавност за важноста од јазичната и математичката писменост. Преку овој проект, за прв пат во Македонија се користат инструменти за процена на постигањата по јазична и математичка писменост кај учениците од почетните одделенија на македонски, албански и турски наставен јазик. Проектот нуди и иновативни и креативни решенија и активности, како што се: Библиотека на тркала, дигитална библиотека и соодветни ресурси за ученици, наставници и родители. Проектот започна во мај 2013 и завршува во јуни 2018 година. Олимпијадата за читање и математика е еден од низата настани со кои се одбележува официјалното завршување на проектот. За повеќе информации, посетете ја интернет страницата на Фондацијата „Чекор по чекор“: http://stepbystep.org.mk/mk/proekt-ral  

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Оваа година УСАИД ја одбележува 25 годинишнината во Македонија. Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 610 милиони долари во Македонија од 1993. УСАИД работи со граѓаните на македонија за да создадат работни места, да ги зајакнат демократските институции и практики, да го подобрат интегрираното образование и да ги подготват учениците за современиот пазар на труд. Овие иницијативи, во партнерство со граѓаните на Македонија, имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење во Македонија. За повеќе информации посетете ја нашата веб http://macedonia.usaid.gov –и Facebook страница http://www.facebook.com/USAIDMacedonia

Last updated: May 16, 2018

Share This Page