Проект За Поддршка На Изборите во Македонија

Избори во Македонија
Избори во Македонија

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

Финансиран преку Меѓународната фондација за изборни системи, овој тригодишен проект, во вредност од 1.7 милиони американски долари, има за цел да го зајакне управувањето со изборите во Македонија и да го поддржува градењето капацитети на Државната изборна комисија (ДИК) за спроведување на изборите.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВАА ПРОГРАМА?

  • Целта на краток рок е да се дава поддршка на ДИК за претстојните претседателски избори во 2019 год. Програмските активности ќе бидат насочени кон подигнување на капацитетите на ДИК за едукација на изборната администрација, вклучително и на општинските изборни комисии и избирачките одбори. Со програмата ќе се подигнува капацитетот на изборните чинители за водење на избирачкиот список и за изборниот процес на денот на изборите.
  • Целта на долг рок е да се даде поддршка за севкупната изборна реформа, преку истражување, анализа и предлагање на најдобриот модел за изборна реформа за Македонија со цел да се обезбеди демократски и кредибилен изборен процес со кој се унапредува политичко учество и трајна социјална интеграција.

КОИ СЕ ОЧЕКУВАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ?

  • Натамошно подобрување во спроведувањето на изборите од страна на ДИК
  • Процесот за изборна реформа е инклузивен и вклучува меѓународни добри практики и примери.

Last updated: January 29, 2019

Share This Page