Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Промоција на интер-етничка кохезија
Две среќни соученички

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО?

Петгодишниот проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието кој започна во април 2017 година, во вредност од 5,8 милиони долари е предводник  на програмата на УСАИД за подобрување на меѓуетничката интеграција во Северна Македонија. Овој проект го имплеменитра Македонски центар за граѓанско образование, а се базира на успешната програма за меѓуетничка интеграција во образованието (2012-2017), која му претходеше  на овој проект. Целта на овој проект е да помогне во овозможувањето позитивни интеракции меѓу младите од различна етничка припадност на ниво на училиште и на заедница, истовремено подобрувајќи ги вештините за граѓанско образование, однесувања и волонтерски практики на младите. Со финансии од Министерството за одбрана на САД, програмата исто така обезбедува соодветни придонеси за покривање на трошоците за реновирање и други физички подобрувања идентификувани од страна на младите запишани во училиштата кои се дел од оваа програма.

КАКО  ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ПРОЕКТ?

  • Овој проект тесно соработува со централната и локалната власт, сите основни и средни училишта и што е најважно со учениците, наставниците, родителите и лидерите од различни заедници за да создадат можности за интеракција помеѓу училишните заедници и да се поттикне подобра меѓуетничка кохезија меѓу младите.
  • Соработува со Министерството за образование и наука за да го поддржи процесот  на ревидирање на содржините за граѓанско образование и вклучување на учениците во училишниот и заедничкиот живот, промовирајќи учество на учениците во процесите на донесување одлуки во нивните училишта и општини.
  • За времетраење на проектот, ќе бидат реновирани над 50 училишта, врз основа на потребите и достигнувањата во областа на етничката интеграција и демонстрираните граѓански вештини и однесувања на учениците на ниво на училиште и на заедница.

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?

  • Проектот овозможи повеќе од 85 младински иницијативи и заеднички студентски активности со учество од над 1.300 ученици од различни етнички заедници; над 300 креативни работилници и театарски форуми со околу 160 ученици во осум средни училишта; Беа организирани 9 јавни дискусии во сите општини вклучени во првата година од проектот во кои учествуваа повеќе од 800 ученици, наставници, родители, градоначалници и претставници на општините.
  • Преку проектот, 1.250 претставници на тимот за интеграција во училиштата од сите основни и средни училишта од земјата присуствуваа на почетни или менторски сесии, следејќи ги обуките организирани во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција.
  • Беше спроведена компаративна анализа на граѓанското образование во шест земји што ќе служи како репер за ревизија на постојната наставна програма за граѓанско образование и наставни практики во Северна Македонија.
  • Наставната програма за граѓанско образование за образование од осмо одделение е ревидирана и ќе биде пилотирана во учебната 2018/2019 година.
  • Направени се триесет инфографици, брошури, постери, извештаи и други информации и промотивни материјали кои се споделени со различни целни групи преку проектот.

Last updated: March 14, 2019

Share This Page