Национална Конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија

Speeches Shim

Прва конференција на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија
Прва конференција на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија

ШТО Е НАЦИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?

Националната конвенција за Европската унија (ЕУ) во Република Северна Македонија е двегодишна активност со вкупен буџет од 222.280 американски долари, обезбедени од УСАИД и Агенцијата на Словачка за меѓународен развој. Оваа активност се спроведува во партнерство со Центарот за истражување на Асоцијацијата на Словачка за надворешна политика, и со локалната организација Европско движење во Република Северна Македонија. Оваа активност е поддржана преку Програмата за поддршка на нови земји-донатори, иницијатива на Стејт департментот што започна во 2012 година за заедничко финансирање на развојни активности со владите на новите членки-донатори од ЕУ.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВАА ПРОГРАМА?

Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија работи со експерти од владините институции, невладините организации, различни групи од посебен интерес, регионални власти, бизнис и академски институции од Северна Македонија, Словачка и други земји-членки на ЕУ во работни групи кои ќе дадат препораки до македонските владини институции за да помогнат во формирањето на националните политики во четири области потребни за да се унапреди усогласеноста со стандардите за пристап во ЕУ: Земјоделие и рурален развој (Поглавје 11), Социјални политики и вработување (Поглавје 19), Законодавство и човекови права (Поглавје 23) и Правосудство, слобода и безбедност (Поглавје 24).

Со ова активност, планирано е проактиво учество и помош од македонските институции и другите важни чинители во креирањето на евроинтегративните  политики, што ќе придонесе за зајакнување на демократијата и демократските институции во Северна Македонија на патот кон членството во ЕУ и ќе помогне во креирањето на институционална, меѓу-општествена платформа (Национална конвенција) за развивање на релациите меѓу ЕУ и Република Северна Македонија.

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?

Во првата година од имплементацијата, проектот формираше работни групи и организираше пленарна седница и три циклуси работни сесии, фокусирани на четирите поглавја на кои работи проектот. На овие работни сесии, шеснаесет експерти од Словачка, Хрватска и Северна Македонија го презентираа своето искуство на избраните четири области, а работните групи обезбедија 144 препораки до македонските институции за креирање и спроведување на политики за интеграција во ЕУ за секоја од овие четири области. 

Last updated: March 15, 2019

Share This Page