ПРОЕКТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ

Speeches Shim

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ?

Во партнерство со Центарот за развојни  политики (IDEAS DePo Skopje) како имплементатор, Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби работи директно со Министертвото за информатичко општество и администрација (МОИА), Инспекцискиот совет (ИС) и други инспекциски служби со цел да ја подобри легислативата, да го зајакне капацитетот и професионалниот развој на инспекторите и имплементација на софтверско решение за е-управување. Ова ќе доведе до модерен, деловно ориентиран и предвидлив инспекциски систем и ефикасни инспекциски органи.

ШТО Е ОСТВАРЕНО ДОСЕГА?

  • Четири детални анализи на правната рамка;  анализа на практиките  во прекршочните и административните судови; модалитети за обука и решенија за е-влада за инспекциски менаџмент во регионот и во ЕУ; анализа на инспекциските служби и препораки за подобрување на целокупниот систем.
  • Во партнерство со МИОА, ИС и инспекторатите, новиот Закон за инспекциски надзор беше подготвен  и усвоен од Владата на Северна Република Македониија. Овој закон ја воведува образовната улога на инспекторите; планирање на инспекции базирани на проценка на ризик; листи за проверка; и, меѓу другото, ги дефинира одговорностите на Инспекцискиот совет.
  • Исто така во партнерство со засегнатите владини органи, беше направена функционална анализа за реорганизација на инспекцискиот систем преку консолидација и внатрешна реорганизација.
  • ИС планира и спроведува обуки за инспектори, врз основа на проценката за потребни обуки што беше направена во сораборка со вработените на проектот и инспекторатите. Како дел од планот за само-одржливост, група искусни инспектори служат како обучувачи.
  • Функционални анализи во определени инсекторати, за подобрување на нивната внатрешна организација, секојдневно функционирање и ефикасност

Last updated: May 02, 2019

Share This Page