Проект за заштита на правата на мигрантите и бегалците

Speeches Shim

Бегалски камп во Северна Македонија
Подигнување на јавната свест и едукација за прашања кои се однесуваат на мигрантите и бегалците

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИТЕ?

Проектот за заштита на правата на мигрантите и бегалците е две и пол годишна активност со буџет од 673,30о долари, кој има за цел за да ја поддржи имплементацијата на  меѓународните стандарди за човекови права и правата на бегалците во Северна Македонија.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ПРОЕКТ?

Во соработка асо Македонското здружение на млади правници, програмата работи на:

  • Зголемување на капацитетите на владините институции и граѓанските организации (ГО) при обезбедување помош и адекватен третман на мигрантите и бегалците.
  • Подобрување на соработката и прекуграничната размена на информации за прашања поврзани со мигранти и бегалци помеѓу граѓанските организации од регионот на Западен Балкан.
  • Подигнување на јавната свест и едукација за прашања кои се однесуваат на мигрантите и бегалците.
  • Следење на процедурите што се применуваат за мигрантите на границите, центар за притвор  за странци и прифатните транзитни центри.
  • Обезбедување правна помош и советување за азил и правна поддшка за жртвите или преживеаните жртви на криминал, тортура и повреди на човековите права.
  • Едукација на мигрантите и бегалците за нивните права.

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?

  • Преку проектот обучени се 228 претставници на владините институции и ГО кои обезбедуваат помош за ранливите категории мигранти и бегалци.
  • Зајакната е соработката помеѓу македонските, грчките и српските ГО кои работат на прашања поврзани со мигранти и бегалци.
  • 226 граѓани на Северна Македонија од 12 градови присуствуваа на 15 јавни настани – “На кафе со мигрантите”, и имаа можност директно да комуницираат со бегалците и да учат за нивните лични искуства на пат кон и во Северна Македонија.
  • Преку работилници за уметничка терапија, 139 мигранти добија помош во справувањето со траумите што ги имаат доживеано откако ја напуштиле нивната матична земја.
  • 20 мигранти добија бесплатна правна помош.
  • Изработени се 3 видеа за подигање на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат бегалците.
  • Изработени се 3 анимирани видеа за едукација на мигрантите и бегалците за нивните права и одговорности и за ризиците од нелегален транзит низ земји.
  • Дистрибуирани се сликовници и анимирани филмови за децата на бегалци во транзитните кампови.
  • Беше организирана хуманитарна изложба на уметнички дела изработени од бегалците.

Last updated: March 14, 2019

Share This Page