Проект за инклузија и иновации во микрофинансирањето

Инклузија и иновации во микрофинансирањето
Подобрување на финансиската писменост на студентите, земјоделците и претприемачите

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА  ИНКЛУЗИЈА И ИНОВАЦИИ ВО МИКРОФИНАНСИРАЊЕТО?

Проектот за инклузија и иновации во микрофинансирањето е тригодишна програма со буџет од 1,4 милиони долари за подобрување на пристапот до финансиски производи прилагодена на потребите на домаќинствата со ниски примања, претприемачи и средни и мали претпријатија во земјите од Западен Балкан, со цел да се создадат нови работни места, поттикнување на економскиот раст и намалување на сиромаштијата. Целта на повисоко ниво е да се помогне Македонија да се приближи кон критериумите за пристапување во ЕУ.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ПРОЕКТ?

Проектот се спроведува во партнерство со Сојузот на микрофинансиски организации, кој работи на надградба на ИТ платформата на посредничките финансиски институции; јакнење на финансиската писменост помеѓу претприемачите, студентите, земјоделците и другите низ целата земја; обука на персоналот на микрофинансиските организации за да помогне да се подобри нивната конкурентност; да помогне во изготвувањето на регулативите за спроведување за клучните закони кои влијаат врз финансискиот сектор; и организирање на регионални форуми за прашања поврзани со плаќањата и други теми за микрофинансискиот сектор.

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА?

  • ИТ платформите се успешно развиени, набавени и инсталирани во три микрофинансиски организации врз основа на резултатите од деталното истражување на пазарот
  • Зголемена е финансиската писменост на 344 земјоделци, претприемачи, студенти и други целни групи, со што се градат капацитетите на населението за да станат квалитетни клиенти на небанкарските финансиски институции.
  • Подобрени се вештините на повеќе од 110 вработени во микрофинансиски организации преку пет дводневни обуки.
  • Се реализираа регионални форуми за платежни услуги за подобра финансиска инклузија со учество на претставници на Министерството за финансии, Народната банка на Македонија, Албанија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Србија, како и кредитните унии од Ирска, САД, Велика Британија, Молдавија и Полска. Дискусијата имаше за цел да му помогне на Министерството за финансии и Народната банка на Македонија да го зајакнат нацрт-текстот на новиот Закон за платежни услуги. Оваа активност продолжи со одржување на серија настани и работилници на оваа и други теми.
  • Во текот на изминатите неколку години Сојузот стана водечки глас на микрофинансискиот сектор и признаен, релевантен партнер на јавните, приватните и граѓанските организации, со капацитети за активно вклучување во јавно-приватниот дијалог и предлози за политики, обезбедување на професионални решенија базирани на докази.

Last updated: August 28, 2018

Share This Page