ПРОГРАМА ЗА МЕДИУМИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Speeches Shim

Програма за медиуми во Северна Македонија
Програма за медиуми во Северна Македонија

ШТО Е ПРОГРАМАТА ЗА МЕДИУМИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?

Програмата за медиуми во Северна Македонија, со вкупен буџет од 2,7 милиони долари, е наменета за зголемување на плурализмот и транспарентноста на македонскиот медиумски пазар.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВАА ПРОГРАМА?

Програмата за медиуми во Северна Македонија ја поддржува продукцијата на професионално, фактичко, детално известување и поттикнува користење на балансирана, забавна, непартиска телевизиска содржина која ги анализира и претставува главните општествени проблеми на Северна Македонија. Во рамките на оваа програма се продуцираа: „360 степени” на Телевизија Алсат М, „Топ тема на ваша страна” на ТелевизијаТелма телевизиското шоу „Фамилијата Марковски” во продукција на Art Project Lab.

„360 степени” обезбедува фактичка, професионална и објективна содржина на вести за да им помогне на граѓаните да се вклучат и да научат повеќе за прашања од јавен интерес преку две неделни ТВ-емисии: дебата која се емитува секој понеделник и истражувачка емисија која се емитува во петок. Програмата се емитува на двојазичната национална телевизија Алсат-М. 

„Топ тема на ваша страна”  се емитува на телевизијата Телма трипати неделно и ги презентира истражувачките стории од тимот на новинари кои работат на овој проект како и длабински анализи на теми направени од граѓански и тинк-тенк организации и платформи за проверка на факти и информации пласирани преку медиумите. Телевизија Телма, како имплементатор на оваа програма, исто така, спроведува двомесечни истражувања за ставовите на граѓаните за различни теми, организира јавни дебати за да им овозможи на граѓанските организации, новинарите и граѓаните да ги покренат на повисоко ниво проблематичните прашањата со кои се соочуваат граѓаните кај локалните власти, и таканареченото "жешко столче" резервирано за дебата со владини претставници каде новинарите можат да ги повикаат на одговорност во однос на многу горливи прашања, состоби и политики.

Телевизиското шоу „Фамилијата Марковски” ги нагласува актуелните политички, социјални, образовни и културни прашања кои ги доживува едно македонско семејство. Проектот продуцираше осум, 40-минутни епизоди кои беа презентирани на националната телевизија Канал 5, како и на социјалните медиуми.

ШТО Е ОСТВАРНО ДОСЕГА?

„Топ тема на ваша страна” досега емитуваше над 200 емисии, а како дел од активностите на оваа програма беа спроведени десет телефонски истражувања. Над 80 претставници од граѓанските организации се обучени за граѓанско новинарство, а се одржаа јавни дебати за чувствителни теми во општините Велес, Штип, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид и Скопје.

„360 степени”  досега има емитувано 149 емисии известувајќи за прашања за кои дотогаш јавно не се дискутирало, предизвикувајќи сериозни реакции од страна на јавните институции како и превземање на содржините од други домашни и регионални медиуми.  „360 степени”  е добитник на неколку значајни награди, вклучувајќи ја и престижната награда на Европската унија за истражувачко новинарство, при што новинарите од „360 степени” ги освоија првите три места.

„Фамилијата Марковски” емитуваше осум, 40-минутни епизоди на националната телевизија Канал 5, како и на социјалните медиуми. Секоја епизода беше со висока гледаност од дури 200.000 гледачи во просек. Проектот генерираше широка општествена реакција и предизвика разумна дебата, директно придонесувајќи за зголемување на медиумскиот плурализам и слободата на изразување во Северна Македонија.

 

Last updated: March 14, 2019

Share This Page