Проект за развој на регионални пазари на енергија

Speeches Shim

Потпишување на Меморандум за соработка во Владата на СРМ
Потпишување на Меморандум за соработка во Владата на Северна Република Македонија

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА РАЗВОЈ НА РЕГИОНАЛНИ ПАЗАРИ НА ЕНЕРГИЈА?

Проектот за развој на регионални пазари на енергија е тригодишен проект кој започна во декември 2017 година и работи со Владата на Република Северна Македонија (ВРСМ) да го усогласи националното законодавство со политиките и регулативите на Европската Унија (ЕУ), и да гo транспонира  релевантото ЕУ законодавство во националното законодавство. Главна цел на Проектот е да го унапреди деловното опкружување во енергетскиот сектор, и да обезбеди правна рамка за отворен, транспарентен  и динамичен пазар на енергија и подобри енергетски услуги за домаќинствата и индустријата, со што ќе се зајакне енергетската сигурност на земјата.   

Проектот обезбедува техничка помош на ВРСМ целосно да го усогласи националното законодавство со Третиот енергетски пакет на ЕУ и барањата на Енергетската заедница (ЕЗ), и со Директивата на ЕУ за енергетска ефикасност, како и поедноставување на процедурите за инвестирање во обновливи извори на енергија (ОИЕ) и воведување на нови мерки за поддршка на ОИЕ на транспарентен и недискриминаторен начин, преку пазарно засновани процедури.

ШТО Е ОСТВАРЕНО ДОСЕГА?

  • Во мај 2018 година, Парламентот на Република Северна Македонија,  го усвои новиот Закон за енергетика, којшто е целосно усогласен со Третиот енергетски пакет на ЕУ. 
  • Енергетската заедница ги прекина двата процеси што се водеа против Северна Македонија, и го повлече образложеното мислење кое беше поднесено до Министерскиот совет на ЕЗ, веднаш после усвојувањето на новиот Закон за енергетика.
  • Изготвен е сет на подзаконски акти за обновлива енергија со кои што се воведуваат нови мерки за поддршка со цел на зголемување на инвестициите во ОИЕ.
  • Обезбедена е поддршка на ВРСМ за изготвување на правилата и за спроведување на конкурентна тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија, со што Северна Македонија стана прва земја членка на ЕЗ што спроведе ваква постапка.
  • Изготвена е национална регулатива за сертификација на операторите за пренос на електрична енергија и на гас.
  • Изготвена е национална регулатива за компензација на штети на производителите и потрошувачите на електрична енергија, предизивикана од прекини во електропреносниот и дистрибутивниот систем. 

Last updated: May 02, 2019

Share This Page