Проект за развој на деловниот екосистем

Еден од активните фармери од Могила, корисници на можностите од проектот
Еден од активните фармери од Могила, корисници на можностите од проектот
Ѓорѓи Димески

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИОТ ЕКОСИСТЕМ?

Проектот за развој на деловниот екосистем, започнат во 2017 година, активно работи на зголемување на продуктивноста, приходите и работните места во микро, малите и средните претпријатија (ММСП) преку градење на самоодржлив деловен екосистем. Проектот соработува со бизнис асоцијации, стопански комори, финансиски институции, тренинг центри и компании за да ги подобри услугите достапни на ММСП за пристап до нови пазари, ангажирање квалификувана работна сила, пристап до релевантни информации и обезбедување соодветна документација. Проектот исто така работи со финансиски институции и финансиски консултанти за да им помогне на ММСП да пристатпат до финансирање. Проектот соработува со владини институции, како што се Министерството за економија, Министерството за труд и Фондот за иновации, за подобро да ги промовира програмите за поддршка на конкурентноста, иновативноста, претприемништвото и развојот на работната сила, помагајќи да се адаптираат на потребите на ММСП. Проектот развива партнерства со водечки компании за заедничко финансирање на развојот на нивните добавувачи.

 

ШТО Е ПОСТИГНАТО ДОСЕГА? 

  • Проектот поддржува 11 организации за деловна поддршка (ОДП) во зајакувањето на нивните услуги и зголемувањето на нивното членство. Поддржаните организации развија вкупно четири нови и подобрија 25 постоечки услуги, резултирајки во вкупен раст на нивното членство за 192 компании.
  • Во првата година од имплементацијата, Проектот отпочна осум пилот иницијативи за коинвестирање во синџири на добавување и работна сила, опфаќајки четири главни сектори/теми (млекопроизводство, високовредносно земјоделство, текстил и работна сила) и 12 водечки компании. Заедно со 72.234 долари од Проектот, компаниите коинвестираа 398.114 долари, опфаќајки вкупен број од 54 ММСП корисници на овие инвестиции.
  • Со помош од Проектот, вкупно 40 финансиски фасилитатори (консултанти) помогнаа на 229 ММСП во подготовка на апликации за финансирање. Од нив, 148 ММСП успешно пристапија до финансии (заеми, грантови или алтернативни средства) во вкупна вредност од 36 милиони долари, кои заедно со 8 милиони долари сопствени средства, резултираа со 44 милиони долари во остварени инвестиции.
  • Преку проектот,  464 лица се обучија и стекнаа нови вештини, 71 ММСП беа помогнати да ја подобрат нивната технологија или менаџерски практики и 48 ММСП беа помогнати да развијат деловни врски со нови купувачи.

Last updated: May 02, 2019

Share This Page