Проект за унапредување на социјалната кохезија

Speeches Shim

Унапредување на социјалната кохезија
Зголемување на јавната свест за етничката интеграција и социјалната кохезија

ШТО Е ПРОЕКТОТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА КОХЕЗИЈА?

Проектот на УСАИД за унапредување на социјалната кохезија, кој започна во 2017 година со вкупен буџет од 1.3 милион долари,  е четири-годишна програма креирана за унапредување на односите помеѓу децата и младите на етничка, верска и социјална основа, со цел земјата во иднина да може подобро да ги решава етничките, социјалните и економските предизвици на мирен начин.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ПРОЕКТ?

Во соработка со меѓународната организација "Потрага по заедничка основа", како имплементатор на програмата, УСАИД работи на:

  • Зајакнување на меѓуетничката интеракција меѓу децата и унапредување на меѓукултурното образование во детски градинки и основните училишта: проектот има за цел да ја зајакне меѓуетничката интеракција помеѓу децата и да ги унапреди меѓукултурното образование во детски градинки и основни училишта преку обезбедување обука за мултикултурно интегрирано образование за наставниците од предучилишна возраст и основно училиште , инспектори од Државниот просветен инспекторат (СЕИ), претставници на Бирото за развој на образованието (БРО) и студенти од Педагошкиот факултет кои ќе станат идните наставници на децата од предучилишна возраст. Исто така ќе организираат работилници за родители на деца од предучилишна возраст со мешан мултиетнички состав и теренски и спортски активности за учениците од основните училишта во неколку општини.
  • Зголемување на јавната свест за бенефитите од етничката интеграција и социјалната кохезија:  со цел да се зголеми свеста на јавноста за етничката интеграција и социјалната кохезија, овој проект ќе продуцира и емитува 24 епизоди од една иновативна телевизиска емисија, покажувајќи ја позитивната улога која младите од различно потекло можат да ја имаат кога работат заедно во справувањето со предизвиците во нивните заедници. Учесниците во шоуто ќе бидат млади на возраст од 13 до 18 години, одразувајќи не само различни етнички заедници и религии, туку и различни политички и социјални групи, вклучувајќи ги и младите жени, верските малцинства, бегалците, лицата со попреченост и другите ранливи категории.

ШТО Е ОСТВАРЕНО ДОСЕГА? 

  • Преку проектот, 324 наставници за предучилишна настава се обучени со знаења и вештини потребни за поддршка на мултиетничко и мултикултурно образование во етнички мешани јавни детски градинки во 10 општини.
  • Десет инспектори од Државниот просветен инспекторат и шест советници на Бирото за развој на образованието беа обучени за надгледување на часовите за мултикултурно образование.
  • Досега се организирани пет работилници во кои учевство имале и 92 родители од различна етничка припадност, за да споделат искуства, проблеми и да дискутираат за теми од заеднички интерес за градење доверба во етнички мешаните заедници.
  • 96 студенти од педагошките факултети се обучени за интеркултурно образование, стандарди и методологии за да ги развијат своите вештини како идни наставници.
  • Проектот организираше седум спортски настани со 580 деца од основно училиште од различно етничко, религиозно и културно потекло да негуваат пријателства преку игра.

Last updated: August 27, 2018

Share This Page