Macedonian flag

Образование

Language: English | Macedonian
Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието
Настап на ученици на отворањето на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

ПРЕДИЗВИЦИ

Во однос на останатите земји во развој, Македонија заостанува во нивоата на постигнувањата на учениците, подготовката на учениците со вештини за вработување, меѓуетничката интеграција меѓу младите и инклузијата на учениците со попреченост во редовното образование.
 

ОБЛАСТИ НА ДЕЛУВАЊЕ 

УСАИД соработува со Министерството за образование и наука со цел да се подобри раната писменост и читање со разбирање, да се постигне подобра интеграција меѓу учениците и наставниците во училиштата и да се овозможи инклузивна средина за учење за учениците со попреченост. Од 2002 година, преку бројни проекти и програми, УСАИД активно придонесува кон зголемување на квалитетот на образованието во Македонија, допирајќи до сите сегменти на основното, средното и високото образование.
 

Рана писменост и читање со разбирање

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ (2013-2018) соработува со сите основни училишта во државата и со релевантни чинители во образованието за да ги зајакне раните јазични и математички вештини, системите за мерење на овие вештини, како и да го поттикне професионалниот развој на наставниците. Во рамки на проектот се реализираат активности со „Библиотека на тркала“ како и настани за читање и математика со познати јавни личности со цел да се развие интерес за почетното описменување кај децата. 
 

Инклузивно образование

УСАИД соработува со Lions Club International во спроведување на Проектот за децата со пречки во видот (2014-2019). Целта на проектот е да го зголеми квалитетот и пристапот кон образование, да понуди индивидуална поддршка на децата со оштетен вид и детекција и превенција на очни болести во рана фаза. Преку опремување на пет регионални ресурсни центри, прилагодување и печатење на сите учебници за основно образование на Браево писмо,  како и подигање на јавната свест околу ова прашање, проектот се стреми да обезбеди еднаков пристап кон образование и кон можности за вработување за децата и учениците со пречки во видот.
 
Проектот за социјална инклузија преку технологија (2016 – 2018) работи со млади лица со попреченост кои имаат интерес за понатамошна кариера во ИТ секторот, за јакнење на нивните меки и бизнис и ИТ вештини, преку он-лајн обуки и менторска поддршка. По завршување на обуките и сертификација, учесниците ќе бидат во можност да се пријават за практикантска работа во компании од ИТ секторот, што може да придонесе за нови можности за вработување во брзорастечкиот ИТ сектор.
 

Интеркултурно образование 

Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (2017-2022) е посветен на подобрување на меѓуетничката интеграција во Македонија. Преку овој проект, УСАИД промовира меѓуетничко разбирање помеѓу етничките групи иподобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите преку: блиска соработка со централната и локалните власти, со сите основни и средни училишта, со родителите и лидерите во локалните заедници за да се создадат услови за училиштата да имаат подобра меѓуетничка кохезија меѓу младите; преку партнерство со Министерството за образование и наука за да ги поддржи промените во содржините на граѓанското образование и да воведе методи за унапредување на активното вклучување на учениците во училиштата и во процесите на носење одлуки за заедницата, а во текот на проектот ќе бидат реновирани и 50 училишта врз основа на нивните постигања во областа на меѓуетничка интеграција и докажани граѓански вештини и однесувања на учениците за нивно активно учество на училишно и локално ниво.

Last updated: April 07, 2020

Share This Page