УСАИД е домаќин на Меѓународна конференција за климатски промени: Глобален предизвик-Локална акција

Министерот за животна средина и просторно планирање дава изјава за локалните медиуми
Министерот за животна средина и просторно планирање дава изјава за локалните медиуми
Дарко Лешоски, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени

For Immediate Release

Friday, May 30, 2014
Biljana Velichkovska
+389 (0)2 3080446

Специјалисти, претставници од граѓански организации и општински владини службеници од неколку држави во регионот, учествуваа на конференцијата “Глобален предизвик – локална акција” во Тетово на 30 и 31 мај. Дводневната конференција е дел од Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, и се одржа во универзитетскиот комплекс на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Амбасадорот на САД, Пол Д. Волерс изјави, “Иако опсегот на овој проблем е голем, не можеме да го решаваме само со многу опсежни решенија. Треба да делуваме локално и на голем број начини.” Тој ги поттикна присутните да учествуваат во конференциски дискусии, “Размената на идеи може да генерира многу креативна енергија. Тоа е енергија која не содржи јаглерод, практично неограничена, и потенцијално многу моќна.”

Конференцијата се фокусираше на предизвиците на климатските промени и заедничките најдобри практики и го промовираше иновативниот локализиран пристап на Милиеуконтакт, познат како “Методот на Зелена Агенда”. Организаторите на настанот се надеваат дека конференцијата ќе поттикне идни заеднички активности кои се однесуваат на климатските промени, овде и во регионот.

ЗАБЕЛЕШКА ЗА ИЗДАВАЧИТЕ:

Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, е четигодишна иницијатива која ги подготвува општините да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени. Со користење на иновативната методологија наречена Зелена Агенда, проектот ги спојува граѓанските организации, граѓаните и општинските тела, заедно да развијат акциони планови кои се засноваат на консензус, кои се однесуваат на специфичните прашања за климатските промени со кои се соочуваат нивните заедници, како и да работат на ублажување на нивните ефекти. На овој начин, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени поттикнува локална отпорност на климатските промени и го зајакнува граѓанското општество, зголемувајќи го граѓанскиот активизам.

За повеќе детали во врска со проектот и информации за конференцијата, Ве молиме посетете го следниот сајт:  http://conference.mkm.mk/

 

Американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано повеќе од $500 милиони во Македонија од 1993 година. УСАИД работи со луѓето во Македонија за да создаде работни места, да ги зајакне демократските институции и практики, да го подобри интегрираното образование и да ги подготви учениците за работната средина. Овие иницијативи го подобруваат кквалитетот на живеење и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. За повеќе информации, Ве молиме посетете го следниот сајт http://macedonia.usaid.gov and USAID FB page http://www.facebook.com/USAIDMacedonia

Last updated: June 06, 2014

Share This Page