Младите со помош на “Подготовка за вработување и работа” ја победуваат невработеноста

Sucess Story - YES Network Project
Слаѓана Коцевска, Зана Џелили Фазлији
YES Network Project

Големиот број невработени млади е едно од најважните прашања за кое секојдневно се зборува во Македонија и се бара решение.

Во насока на подобрување на вработливоста на младите и намалувањето настапката на невработеност кај младите, Проектот на УСАИД, Мрежа ЈЕС имплементиран од Центарот за развој на образованието (ЕДЦ), има развиено Програма “Подготовка за вработување и работа” (ПВР). Таа е дизајнирана како пет-дневна работилница, и е наменета за невработени млади со цел да стекнат нови знаења и вештини кои ќе ги одведат до вистинското и долготрајно вработување. Една таква работилница беше одржана во с. Теарце во организација од локалната НВО “Центар за едукација и развој”, поддржана од Проектот Мрежа ЈЕС. Одржаната работилница постепено покажува видливи и мерливи резултати – дел од младите почнуваат да добиваат работа.

Пример е Зана Џелили Фазлији од Тетово. Таа е дипломиран социјален работник, која се вработи како асистент во Центарот за правно советување и помош на Transparency International Macedonia – во нивната локална канцеларија во Тетово. Зана учествуваше на ПВР обуката како претставник од невладината организација Женски Форум – Тетово.

“Kако дипломиран млад човек кој активно бара работа, веднаш аплицирав за учество во обуката за „Подготовака за вработување и работа, зашто новите знаења се секогаш потребни и добродојдени, особено ако ми помогнат при вработувањето.

Нејзиното постојано вложување во професионалниот и личниот развој преку стекнување нови знаења и вештини, како и нејзината проактивност во барањето работа навистина и’ помогнаа да најде постојано вработување.

“За мене обуката беше многу значајна, бидејќи научив многу повеќе од тоа што очекував. Добив нови знаења и вештини од областа на комуникации, соодветно однесување на работно место, тимска работа и подготвување на професионално резиме, што ме направи поконкурентна на пазарот на труд. Истовремено, можев да ги применам сите новостекнати вештини при процесот на аплицирање за работа, што за мене резултираше со толку посакуваното вработување - како асистент во Центарот за правно советување и помош на Transparency International Macedonia - во канцеларијата во Тетово.”

Примерот на младата Зана не е изолиран. Се’ повеќе млади кои ја посетиле обуката на Мрежа ЈЕС “Подготовка за вработување и работа” од ден на ден пријавуваат дека конечно нашле вработување. Тоа не оди само во прилог на успешноста на обуката на Мрежа ЈЕС. Тоа зборува и за фактот дека и самите млади невработени можат да направат нешто за себе ако самите пројават проактивност и иницијатива. Всушност, тоа беше една од основните работи што им се потенцираше на учесниците во текот на обуката, самите да се обратат кај работодавачите и самите да покажат проактивност и желба да бидат вработени.

Слаѓана Коцевска, исто така учесник на ПВР обуката, вели: Имав диплома од Економски Факултет, но дипломата не беше доволна. Самиот наслов на обуката ПВР за мене беше предизвик. Се пријавив и не згрешив. Ми се допаѓаше начинот на кој ни беше презентиран материјалот и можноста преку разни симулации да ни се доближи работната атмосфера во една компанија. По завршување на обуката, како составен дел од неа ми се понуди можност да одам на пракса во неколку компании и бев повикана на интервју во Стопанска банка А.Д. Скопје, каде што бев примена на работа. Сите теми кои беа опфатени со обуката како што се однесување за време на интервју, однесување на самото работно место, тимска работа, многу ми помогнаа при работењето и истите на лице место можев да ги применам. Денес работам како сметководител во сметководствено биро ИБО Конс., а вештините кои ни беа презентирани на обуката и ден денес успешно ги применувам во пракса и во секојдневното работење.

Досега се имплементирани 10 вакви работилници во партнер општините на Мрежа ЈЕС и речиси 20% од учесниците веќе добиле постојано вработување. Тимот на Мрежа ЈЕС се надева и очекува дека работилниците ќе бидат подеднакво корисни за сите учесници и дека процентот на млади кои ќе најдат работа ќе биде уште поголем.

Last updated: May 05, 2014

Share This Page