ПРОГРАМА НА УСАИД ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Датум на започнување:  26 јуни, 2013                                                
Времетраење:  34 месеци       
Буџет на проектот: $671,109    
Имплементатор:  Македонски центар за меѓународна соработка

Цели

Општа цел на програмата е придонес кон демократска Македонија без корупција.

Цел на програмата е зголемена информираност и знаења на граѓанските организации и граѓаните за барање повеќе отчетност кај институциите како и придонес кон нивен поголем интегритет.


Компоненти

  • Длабинска анализа на состојбите со корупцијата во Македонија –Спроведување на Системот за следење на корупција (ССК) за мерење на сегашното ниво и трендовите на распространетост на корупцијата во земјата, како и идентификување на ставовите на јавноста и нејзините очекувања.
  • Градење капацитети на ГО  – Зголемени капацитети на граѓанските организации за следење и борба против корупцијата и барање отчетноста на Владата како и преземање поголема одговорност и активизам на граѓаните и влијание на јавните политики.  
  • Следење на политиките – Следење на транспарентноста на процесот на креирање политики и трошењето на државниот буџет како и обезбедување можности за сите засегнати страни да бидат информирани, консултирани и вклучени како партнери во тие процеси.
  • Подигање на свеста за состојбите со корупцијата – Информирање на граѓаните за специфични антикорупциски проблеми; мапирање на секојдневните искуства во давањето/недавањето поткуп; и мотивирање на медиумите и младите новинари да пишуваат за корупцијата.

Очекувани резултати/Влијание

  • Спроведен Систем за следење на корупцијата (ССК);
  • Развиен Извештај за оценка на корупцијата (ИОК);
  • Развиени три акциски планови за проблемите идентификувани во ИОК;
  • Форум за политики за борба против корупција;
  • Обучени повеќе од 60 претставници на ГО и државни институции за следење на борбата против корупцијата;
  • Воспоставена платформа на ГО против корупција;
  • Следење на отвореноста на институциите – развиен Извештај „Огледало на владата“;
  • Развиени три Извештаи за проценка на ризикот (ИПР) за државни институции изложени на ризикот на корупцијата;
  • Објавени 10 извештаи за различни прашања поврзани со корупцијата;
  • Подготвен Водич за граѓаните за следење на буџетот;
  • Развиена веб страна за следење на трошењето од државниот буџет;
  • Организирани 15 информативни настани низ Македонија;
  • Развиена иновативна веб страна за следење на корупцијата;
  • Зголемена мотивација на медиумите за пишување приказни поврзани со корупцијата.

Контакт информации

Контакти во УСАИД:  Мајкл Стиеватер, AOР, mstievater@usaid.gov
Раководител на програмата:  Емина Нурединоска, enr@mcms.mk
Службеник за комуникации:  Марија Саздевски, msz@mcms.mk

Last updated: November 19, 2013

Share This Page