ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНВЕСТИРАЊЕТО И ИЗВОЗОТ

Датум на започнување: 28 декември 2010 г.
Датум на завршување: 27 декември 2014 г.
Буџет на проектот: $4,8 милиони
Имплементатор: Booz Allen Hamilton Inc. 

Цели

Подобрување на климата за бизнис политики со цел зголемување на инвестициите во приватниот сектор и промовирање на извоз на македонски производи.


Компоненти

  • Подобрување на директни странски инвестиции (ДСИ), домашни инвестиции (ДИ), промоција на извоз и грижа за инвеститори – Подржување на спроведувањето на Индустриската политика на Владата на Република Македонија за зајакнување на координацијата меѓу министерствата и олеснување на ДСИ, ДИ и грижата за инвеститори. Подржување на спроведувањето на стратегијата  за промоција на извозот на Владата на Република Македонија.
  • Подобрување на јавно-приватниот дијалог (ЈПД) – Развивање и институцијализирање на посилни ЈПД механизми преку воведување на процедури, следење на напредокот на нерешени прашања, и ширењето на употребата на е-апликации за комуникација.

Резултати/Влијание

  • Во соработка со Министерство за економија, изработен е веб портал (http://www.konkurentnost.mk/)  кој овозможува на  бизнис секторот да пристапи до информации за сите расположливи мерки за поддршка од владата во врска со имплементација на индустриската политика.
     
  • Помогна на 12 македонски компании да ги изградат своите капацитети и учествуваат во активности за развој на пазарот. 
     
  • Преку голем број на активности за деловен развој спроведени во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (ИнвестМакедонија),100 македонски компании учествуваа на 15 настани за промоција на извозот.
     
  • Помогна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (ИнвестМакедонија),да ја унапредат нивната IT инфраструктура како и системот за управување  со клиенти, преку изработка на порталот (http://www.investinmacedonia.com/).
     
  • Изработен е првиот водич за извоз за Македонија,  "Учиме за извоз",  со помош на кој на темата извоз, се обучија над 100 локални фирми.
     
  • За да се зајакне јавно-приватниот дијалог на национално ниво, врз основа на принципите на инклузивност, компетентност и вклученост на сите засегнати страни, помогна во основање на Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСПК), надгради веб порталот Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) (https://ener.gov.mk/), и разви прирачник за изготвување на политики од деловниот сектор, кој е користен од предлагачите на политики во стопанските комори и деловните асоцијации.

Информации за контакт

Контакт во УСАИД: Мери Цуцулоска, mcuculoska@usaid.gov
Раководител на програмата: Александар Шахов, aleksandarsahov@bah.com.mk
Службеник за комуникации: Наташа Н. Станковиќ nаtasastankovik@bah.com.mk
Веб страна: www.ideas.org.mk

Last updated: December 17, 2013

Share This Page