ОБУКА НА ВНАТРЕШНИ РЕВИЗОРИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА (TIAPS)

Датум на започнување: 01 октомври 2012 г.
Датум на завршување:  01 мај 2014 г.  
Буџет на проектот:  $208,578
 
Дополнително ко-финансирање од словенечкото Министерство за надворешни работи ($208.578), македонското Министерство за финансии ($19.796) и Центарот за извонредно финансиско работење (CEF) ($46.036).
Имплементатор: Центар за извонредно финансиско работење  (Center of Excellence in Finance - CEF)
 
 
ЦЕЛИ
Развој на професијата „внатрешен ревизор“ во Македонија, со цел да се подобри управувањето со јавните финансии и да се унапреди одговорноста, транспарентноста и ефикасноста во јавниот сектор.  
TIAPS како проект беше овозможен преку „Emerging Donors Challenge Fund“ на Министерството за надворешни работи на САД. Тоа е уникатен проект, кој е дизајниран со цел да ги интензивира партнерствата на владата на САД за странска помош со владите од Централна и Источна Европа, кои се појавуваат како нови донатори. Американската и словенечката влада стапија во партнерство за да го спроведат проектот TIAPS во Македонија. Тие ги споделуваат трошоците за проектот и ги координираат активностите за следење и надзор на проектот.

КОМПОНЕНТИ

  • Подготвителен курс за потсетување и освежување на знаењето, во траење од една седмица, за јавно сметководство и основи на внатрешната ревизија.
  • Подготвување на сите материјали за курсот на македонски јазик. Тие потоа ќе му бидат предадени на Министерството за финансии.
  • Обука на девет македонски инструктори и тутори, кои потоа ќе бидат ангажирани како предавачи на курсот и како тутори за средби „еден-на-еден“ и за консултации со учесниците.  
  • Организирање на два курса за внатрешна ревизија за 80 учесници. Со  успешното завршување на курсот, учесникот се квалификува за добивање на сертификат.  
  •  Подготвување на план за одрaжливост со кој ќе му се помогне на Министерството за финансии да го преземе курсот за да може понатаму истиот да функционира независно. 

 


Очекувани резултати/Влијание

  • Ќе се подобри управувањето со јавниот сектор и ќе се унапредат одговорноста, транспарентноста и ефикасноста во јавниот сектор во Македонија.
  • Ќе се подготви целосен наставен план за обука на внатрешни ревизори во јавниот сектор во Македонија.
  • Ќе се обучат девет инструктори кои потоа ќе можат да ги спроведуваат обуките за внатрешна ревизија.
  • Осумдесет ревизори од јавниот сектор ќе завршат сеопфатна едногодишна обука и програма за добивање сертификат, кои ќе им обезбедат на учесниците професионални квалификации како внатрешни ревизори во јавниот сектор, кои се во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики.
  • Ќе се подготви и спроведе целосна стратегија за одржливост со која треба да се обезбеди продолжување на TIAPS во рамките на Министерството за финансии по завршувањето на проектот.

Информации за контакт

Контакт во УСАИД: Метју Хачерсон (Matthew Hutcherson), AOR, mhutcherson@usaid.gov
Раководител на програмата:  Александра Текијашки, aleksandra.tekijaski@cef-see.org
Службеник за комуникации:  Александра Текијашки, aleksandra.tekijaski@cef-see.org
Веб страна:  www.cef-see.org

 

Last updated: December 17, 2013

Share This Page