ПРОЕКТ ЗА ТРАНСПАРЕНТНО ВЛАДЕЕЊЕ

Датум на започнување: 1 септември 2009 г.
Датум на завршување: 28 февруари  2013 г
Буџет на проектот: $ 350,000.00
Имплементатор: Фондација „НВО Инфо-центар“, во партнерство со Центарот за граѓански комуникации  од Скопје, и Образовната хуманитарна организација „ЕХО“ од Штип.

Цели

Развивање на практики за потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење на локалните самоуправи, поттикнување на граѓаните за нивно вклучување во донесувањето одлуки на локално ниво и споделување на добрите практики меѓу локалните самоуправи во Македонија и регионот.  Проектот има за цел да го намали нивото на корупција во локалните заедници и да ја зголеми довербата на граѓаните и бизнисите во локалните самоуправи.


Компоненти

  • Пилот фаза (2009 – 2010) – поддршка на пилот општините (Штип, Св. Николе, Струмица и Виница) во Источна Македонија
  • Фаза на мултиплицирање на бенефициите (2011) - Поддршка на општините во Скопје (Гази Баба, Петровец, Чучер Сандево и Арачиново)  и Западна Македонија (Куманово, Tетово, Кичево, Дебар и Охрид).
  • Фаза на споделување (2012) - споделување на искуства на најдобри практики меѓу засегнатите страни во Македонија и земјите од регионот

Достигнувања/Влијание

Во пилот општините, Проектот спроведе студија за тековните практики во врска со учеството на граѓаните, невладиниот сектор и бизнисите во процесот на донесување одлуки, задоволството од услугите што ги нудат општините и нивните слабости во однос на транспарентноста, ефикасноста и отчетноста.  Врз основа на резултатите беше обезбедена обука за локалната администрација и беа дадени препораки за подобрување на состојбите. Беа отворени Граѓански центри за подобрување на локалната самоуправа со цел да ги собираат поплаките од граѓаните, нивните идеи и предлози за подобрување на работата на локалната администрација.

Пилот општините сега меѓу себе ги разменуваат најдобрите практики и искуства за подобрување на внатрешната комуникација и соработка со одделенијата во локалната самоуправа и ги вклучуваат граѓаните во процесот на планирање на буџетот. Секоја од пилот општините одржа јавна дебата за тоа колку биле отчетни локалните самоуправи во правата година од нивниот мандат и за бенефициите од спроведувањето на препораките.

Беше објавена „Книга со практики и препораки“ за активностите на пилот општините, во која е опфатена законодавната рамка, креирањето на локалните политики и позитивните примери за транспарентноста, отчетност, одговорноста и учеството на граѓаните.  Оваа Книга и другите искуства од пилот општините ќе се споделат со целните општини во Западна Македонија и Градот Скопје во текот на 2011 и 2012 година.


Одржливост/Наследство

  • Локалните самоуправи востановуваат механизми и добри практики за јавно управување и вклученост на граѓанството во процесот на донесување одлуки
  • Подобрена е ефикасноста на локалната самоуправа и зголемено е учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво
  • Намалено е нивото на корупција на локално ниво
  • Граѓаните и бизнисите ќе имаат поголема доверба во локалните власти

Информации за контакт

Контакт во УСАИД: Мелита Чокревска, АОR:  mcokrevska@usaid.gov
Раководител на програматаБилјана Бејкова  bbejkova@nvoinfocentar.org.mk
Службеник за комуникацииГерман Филков gfilkov@ccc.org.mk
Веб страна: www.nvoinfocentar.org.mk

Last updated: December 02, 2013

Share This Page