ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ПАРЛАМЕНТОТ

Датум на започнување: 01 април 2012г.
Времетраење: три години
Буџет на проектот: 850,000 американски долари           
Имплементатор: Национален Демократски Институти (National Democratic Institute NDI)

Цели

Поддршка за независен парламент кој ќе ги претставува граѓаните, ќе подготвува правила кои го уредуваат општеството и ќе ја надгледува работата на извршната власт.


Компоненти

Надзорни расправи: поддршка на Парламентот во насока на подобрување на неговата надзорна функција над извршната власт преку зајакнување на расправите во парламентарните комисии, поддршка на парламентарните комисии во понатамошното зајакнување на надзорните расправи во врска со закони и политики предложени од извршната власт и олеснување на соработката меѓу парламентот и извршната власт преку вклучување на клучните актери од двете страни во постапките на планирање на расправите, утврдување на сведоци кои се експерти од дадената област и подготовка на изјави кои ќе ги поддржат овие расправи.   

Отворени наспроти затворени кандидатски листи: Програмата ќе поттикне подобро застапување на избирачите преку поттикнување на јавни дебати за промена на изборниот систем кон отворени наспроти затворени кандидатски листи. Врз основа на конференцијата за изборни реформи “Застапување и одговорност - отворени или затворени кандидатски листи?”, оваа програма ќе ангажира лица на водечки позиции во политичките партии да ги анализираат добрите страни на отворените наспроти затворените кандидатски листи. Програмата ќе го анализра влијанието на затворените листи врз парламентарните избори во 2011 година, а исто така ќе направи компаративна анализа со други европски земји, ќе ги идентификува добрите практики и ќе дискутира за алтернативни модели со парламентарните комисии и индивидуални лица, групи од граѓанското општество и со пошироката јавност.


Очекувани резултати/Влијание

  • Редовно спроведување на надзорни расправи од страна на парламентарните комисии. 
  • Повеќе јавни дебати за добрите страни на отворените наспроти затворените кандидатски листи.

Контакт за информации

Контакт во УСАИД:  Слаѓана Србиноска, раководител, ssrbinoska@usaid.gov
Раководител на програмата:   Chris Henshaw, директор на програмата; chris@ndi.org,mk
Контакт во NDI:  Христијан Ѓоргиевски; hgjorgievski@ndi.org
Веб страна:   http://www.ndi.org/content/macedonia

 

Last updated: December 02, 2013

Share This Page