ПРОЕКТ ЗА ОПШТИНСКИ СТРАТЕГИИ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ (MCSS)

Датум на започнување:  септември 2012 г.
Датум на завршување:  24 месеци  
Буџет на проектот:  $1,500,000
Имплементатор:  Milieukontakt Macedonia

ЦЕЛИ

Зајакнување на граѓанското општество и подигање на свеста, поттикнување на активизмот и зголемување на издржливоста на локално ниво кон глобалните климатски промени. 


КОМПОНЕНТИ

  • Зелена агенда – ангажирање на засегнатите страни во процес кој е дизајниран со цел да се развијат стратегии засновани на консензус и акциски планови, со кои ќе се реши приспособувањето кон климатските промени и ќе се намалат нивните ефекти.
  • Пилот проекти/Итни активности – планирање и спроведување на пилот проекти и итни активности со кои ќе се зголеми приспособувањето на засегнатите страни и ќе се намалат ефектите од климатските промени, а истовремено ќе се интензивира нивното учество. 
  • Градење капацитети – учесниците се стекнуваат со вештини и знаење неопходно за зголемување на нивната издржливост кон климатските промени и зајакнување на нивната способност за ангажирање во граѓански активности за поддршка и застапување. 

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ/ВЛИЈАНИЕ

  • Ќе се подготват и спроведат од четири до осум општински стратегии за климатски промени и акциски планови. 
  • Ќе се подигне јавната свест за климатските промени.
  • Ќе се преземат мерки за намалување на ефектите од климатските промени.
  • Ќе се преземат мерки за приспособување кон ефектите од климатските промени.
  • Ќе се зголеми способноста и спремноста на учесниците за ангажирање во граѓански активности и активности за поддршка и застапување.
  • Ќе се унапреди соработката меѓу граѓанските организации, граѓаните, општините и приватниот сектор.

Информации за контакт

Контакт во УСАИД:  Џенифер Коноли (Jennifer Connolly), AOR,jconnolly@usaid.gov
Раководител на програмата:   Игор Славкоски, igor@mkm.mk
Службеник за комуникации:  Дарко Лешоски, darko@mkm.mk

Last updated: December 02, 2013

Share This Page