ПРОЕКТ ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Дата на започнување: 27 февруари, 2012         
Дата на завршување: 31 август, 2014   
Буџет на проектот: 2,540,000 УСД
Имплементатор: Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ), во партнерство со четири локални граѓански организации (ГО): Младински образовен форум; Форум – Центар за стратешки истражувања и документација; Центар за граѓанска комуникации и Реактор – Истражување во акција.

Цели

Целта на Проектот за граѓанско општество (ПГО) е да ги оспособи македонските граѓани да бараат отчетност од властите. Проектот е дизајниран во насока на отстранување на слабостите на ГО вклучително и нивните тешкотии во комуникацијата со граѓаните што ги поддржуваат на локално ниво, недостатокот на функционални коалиции кои би можеле да ја зајакнат нивната позиција и нивната неможност да се справуваат со поголеми предизвици. Тоа ќе го постигне преку:

1) градење на поддршка за конституентите и поттикнување на граѓанскиот активизам и учество;

2) зајакнување на граѓанските организации со цел да го надгледуваат работењето на властите и да вршат застапување за јавните политики; и

3) воспоставување на мрежи и платформи за поголема мобилизација, соработка и солидарност меѓу ГО.


КомпонентиComponent

1)      Граѓански активизам и учество зајакнување на капацитетите на граѓаните и младите да ги препознаваат начините на кои што можат да се ангажираат во нивните заедници. ПГО ќе генерира одржлив активизам и во текот на времето ќе изврши влијание преку

а) воспоставување на Школа за Активно граѓанство што ќе направи поврзување на граѓанското образование со учење при практична работа во заедницата, волонтериството и „онлајн” активизмот;

б) користење на активности во новите медиуми кои се одраз на „офлајн” формите на активизам; и

в) помагање на „грасрут” акции, преку обезбедување техничка помош и грантови за активизам.

2)      Component B: Набљудување и надгледување – стимулирање на граѓанските организации да работат на спорни прашања и да влијаат врз властите за преземање на демократски реформи. Проектот ќе ги оспособи граѓанските организации да спроведуваат надзор над властите и да се застапуваат за јавна политика преку:

а)работни стипендии и обуки;

б) грантови за ангажирање на ГО во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања и целни области; и

в) активности за мобилизација на ГО за подготовка и спроведување на стратегии за застапување, како и воспоставување на релации со оние кои ги создаваат политиките.

3)      Соработката и мобилизацијата на ГО ќе се промовира преку поддршка на заеднички акции на партнерства и мрежи, форуми за размена на искуства, дискусии за заедничките проблеми, можни решенија  и идни активности. Активностите ќе вклучуваат:

а) клиника на ПГО која ќе служи како средство за спроведување систематски и продолжен дијалог со ГО и неформални групи;

б) граѓански форуми кои ќе ги спојат прореформските актери на дискусии за актуелни теми и ќе предлжат заеднички активности за застапување насочени кон демократски реформи;

в) грантови за поддршка на заеднички развиените активности на партнерствата и мрежите кои ги анимираат актерите од граѓанскиот сектор да бидат солидарни и да се здружат околу битни теми; и

г) интернет платформа на ПГО која ќе обезбедува пристап до информации за активностите на ГО, контакти на ГО со други организации, промовирање на настани на ГО и дискусиони форуми за посебни теми.


Достигнувања/Влијание

Во првата година од делувањето, ПГО им помогна на 10 ГО да ги зголемат нивните капацитети за ангажирање во граѓански иницијативи кои ги мобилизираат граѓаните во активности на општествено застапување. Мобилизираше дополнителни 12 ГО во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања за демократските реформи кои се однесуваат на широк спектар на теми, како што е мониторинг на судската независност, улогата на националниот радио-телевизиски сервис, родова еднаквост, корупција, јавни набавки и дискриминација. Проектот поддржа четири партнерства на ГО за заедничка работа на активности насочени на прашања кои се однесуваат на младите, борбата против гладта и сиромаштијата и застапеноста на етничките малцинства на локално ниво.

За да им помогне на младите во справувањето со прашањата кои ги засегаат, ПГО обучи 329 млади луѓе од цела Македонија на теми како што се слобода на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, аргументирано изразување и употреба на нови медиуми. 700 млади луѓе активно учествуваа во седум локални настани низ земјата, откако добија обука за младински активизам и за употреба на инструментите на новите медиуми.

ПГО организираше конференции со претставници на власта, пратеници од Собранието, локални и меѓународни експерти, кои дискутираа за предизвиците при пристапувањето кон ЕУ, како и локалниот и регионалниот развој. Онлајн медиумите и стримингот во живо беа нашироко користени при овие активности со цел да се досегне поширока публика во јавноста.


Контакт информации

Контакт во УСАИД: Мелита Чокревска  AOR, mcokrevska@usaid.gov
Раководител на програмата: Сунчица Костовска-Петровска, skost@soros.org.mk
Службеник за информации: Катерина Николова,katerina.nikolova@soros.org.mk
Веб страна:  www.soros.org.mk, www.civilsociety.mk

 

 

Last updated: November 19, 2013

Share This Page