Подобар систем за професионален развој на наставниците

Подобар систем за професионален развој на наставниците
Подобар систем за професионален развој на наставниците
USAID DOC Office

For Immediate Release

Wednesday, November 27, 2013
Билјана Величковска
+389 70367547

 

На 27 Ноември, 2013, УСАИД го промовираше Проектот за професионален и кариерен развој на наставниците  и ги презентираше наодите од студијата Анализа на политиките и праксата на професионалниот и кариерниот развој на наставниците во Република Македонија. Проектот ќе работи на  надградување на постојната законска регулатива, развивање на стандарди за наставници и инструменти за евалвација заради напредување во звања. Во спроведувањето на активностите на Проектот активно ќе се вклучат наставниците и другите заинтересирани субјекти. 

„Кога се навраќаме на сопственото образование, се присетуваме на наставниците кои нѐ инспирираа и беа значајни во нашите животи. Квалитетниот наставникот е еден од најзначајните фактори за повисоки постигања на учениците. Нема да биде претерување ако кажам дека одличните наставници се инспирација за учениците и самите тие да бидат успешни, а со тоа, наставниците обезбедуваат посветла иднина за светот“  – рече амбасадорот на САД, Пол Волерс.

Во изминатите 11 години, УСАИД има инвестирано повеќе од 80 милиони долари во професионалниот развој на наставниците во Македонија. Проектите на УСАИД имаат обезбедено обуки за професионален развој на наставниот кадар, вложуваа во реновирање на училишните објекти, развиени се дигитални ресурси, дистрибуирани се материјали за учење, и поддршка на наставниците како да реализираат теми од областа на меѓуетничката интеграција во образованието.

Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците се реализира во период од 30 месеци и го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Бирото за развој на образованието. Проектните активности се групирани во три взаемно поврзани области: 1) изготвување стандарди за компетенции на наставниците; 2) обезбедување на сеопфатна правна регулатива за професионален  и кариерен развој; и 3) осмислување на финансиски сценарија за предложените модели за професионален и кариерен развој на наставниците. Во соработка со клучните образовни институции, проектот ќе работи на развивање систем заснован на јасни стандарди за квалитетна настава, транспарентна евалуација на наставниците, насочен професионален развој, континуирана поддршка на наставниците и унапредување на квалитетните наставници.

БЕЛЕШКИ ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Американскиот народ, преку УСАИД, од 1993 во Македонија има инвестирано повеќе од 500 милиони долари. УСАИД работи со луѓето од Македонија за да отвори работни места, да ги зајакне демократските институции и практики, да го подобри интегрираното образование и да ги подготви учениците за пазарот на труд. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 држави. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната на USAID Macedonia  и  фејсбук страната на USAID Macedonia.

Last updated: April 01, 2014

Share This Page